Огромно изненадување: Dacia Spring е најпродаваниот електричен автомобил во Италија!
Нискобуџетниот електричен автомобил од Романија е број 1 во текот на септември, кога станува збор за комерцијалниот успех на електричните возила на Апенинскиот Полуостров
Како и во остатокот од развиениот дел на Европа, продажбата на електрични автомобили во Италија расте од месец во месец. Во текот на минатиот месец, во оваа земја се регистрирани 8.492 нови електрични возила, што е зголемување за 107% во споредба со претходната година. Во исто време, EV моделите имаат удел од 8% во вкупниот број испорачани возила.
Огромно изненадување на врвот на листата е Dacia Spring, која успеала да стигне до 1.876 потрошувачи и да биде доминантна во целата класа. Далеку позади, според бројките во Италија е електричниот Fiat 500 со 1.289 регистрации, додека Tesla Model 3 забележала точно 999 испорачани единици.
На четвртото место е Smart ForTwo EQ, кој стигнал до 477 клиенти. Tesla Model Y е на петтото место со 430 продадени возила, што е само 22 единици повеќе од следниот на листата – Renault Zoe.
На седмата позиција е Volkswagen ID.3 so 356 регистрации, пред EV изданието на Opel Corsa на осмото место со испорачани 230 возила. Деветти на листата е електричниот Volkswagen up (214), a најдобрата десетка ја комплетира Peugeot e-208. Францускиот хечбек во септември стигнал до 206 италијански клиенти.