Официјално: Smart #1 го означи стартот на новата целосно електрична иднина на брендот / ФОТО+ВИДЕО
Smart официјално го промовираше својот нов SUV модел #1, кој беше најавен уште на автосалонот во Минхен во септември минатата година со студијата наречена Concept #1.
Според претходните најави, Smart #1 се базира на платформата SEA на кинеската компанија Geely (со која Mercedes постигна договор за иднината на брендот Smart), но со помош на Mercedes кога станува збор за дизајнот.
Овој модел означува промена во дизајнерскиот јазик и позиционирањето на брендот во согласност со неговите „растечки премиум и високотехнолошки аспирации“ и всушност го најавува новиот идентитет на брендот – поубав, поспортски и „покул“ од порано“.
Освен во Кина каде што ќе се произведува, Smart #1 ќе биде присутен и на Европскиот пазар.
Станува збор за најголемиот Smart модел досега (должина 4.270 mm, ширина 1.822 mm, висина 1.636 mm и меѓуоскино растојание 2.750 mm), со најава дека прилично големата внатрешност со пет седишта е наменета за млади семејства.
Волуменот на багажниот простор е 323 или 411 литри (со преклопени задни седишта), а тркалата се 19 инчи со гуми 235/45 R19.
На располагање се и опционален панорамски покрив, LED светла, ентериер со врвен изглед и чувство, уникатно внатрешно осветлување, како и дигитална инструмент табла од 9,2 инчи, 10,0-инчен HUD и 12,8-инчен екран на допир од инфо-забавниот систем.
Нарачките се очекува да се примаат од септември оваа година, прво во верзија со еден електромотор од 200 kW / 272 КС и 343 Nm (максималната брзина е 180 km/h, а забрзувањето до 100 km/h за помалку од 7,0 секунди).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Smart #1 Launch Edition
[useyourdrive dir=”1DT1Helo8IvRGd8DfrEuvVg9HIiUTVuEL” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Smart #1 Premium
[useyourdrive dir=”18chjxQdhI5xmP8k2bfJ8ySO_cEgs_N2b” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Smart #1 Launch Edition Highlight Features
[useyourdrive dir=”1WtC2A9jSbblgj0P7eNqZC0Pz1J1k_Bje” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Smart #1 Lifestyle
[useyourdrive dir=”1RCD5CBTcmdAhFM-ssqv8mrjSrsoSIZZf” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Со едно полнење на батеријата од 66 kWh, според податоците на производителот оваа верзија ќе може да помине 420-440 km (по WLTP), при што 10 до 80% од капацитетот на брз полнач ќе може да се наполни за помалку од 30 минути.