Како и во неколку претходни истражувања, во рангирањето на најсигурни автомобили доминираат корејските брендови

Да купите половен автомобил е далеку поевтино отколку да купите нов автомобил, но само ако изберете паметно и не претерувате. Бидејќи, без разлика дали сакате да признаете или не, сервисни интервенции ќе бидат потребни. На некои автомобили поретко, а на некои скоро па задолжително.

Според резултатите од истражувањето на carVertical, најбезбрижни се купувачите на корејски автомобили. Да речеме дека единствениот критериум за изработување на листата биле дефектите, според извештаите од историјата на автомобилите на carVertical. Според тоа, рангирањето на користени автомобили е направено од процентот на оштетени автомобили на секоја марка од вкупниот број на анализирани автомобили од таа марка.

  1. KIA – 23,47%

KIA го држи првото место со најмал удел на дефекти. Ова не значи дека секоја Kia е беспрекорна, а слабите точки на моделите од оваа марка се:

  • Чести дефекти на електричните системи на управувачот
  • Дефекти на паркирната сопирачка
  • Можни грешки во DPF
  1. Hyundai – 26,36%

Очекувано, корејскиот близнак е на второто место. Најчести дефекти:

  • Корозија на задниот дел под рамката
  • Проблеми со паркирната сопирачка
  • Слаби ветробрански стакла
  1. Volkswagen – 27,27%

Слабости:

  • Неисправност на пловечкиот замаец
  • Дефекти со рачниот менувач
  • Проблеми со модулот ABS / ESP
  1. Nissan – 27,79%

Слабости:

  • Дефекти на диференцијалот
  • Многу честа структурна корозија по средината од шасијата
  • Разменувачот на топлина кај автоматскиот менувач може да откаже
  1. Mazda – 29,89%

Слабости:

  • Дефекти на турбината кај моторите Skyactive D
  • Дефект на пумпата за гориво кај дизел моторите
  • Чести дефекти на ABS пумпата
  1. Audi – 30,08%

Слабости:

  • Големо абење на квачилото
  • Дефекти на серво управувачот
  • Дефекти на рачниот менувач
  1. Форд – 32,18%

Слабости:

  • Неисправност на пловечкиот замаец
  • Дефект на квачилото, дефекти на пумпата од серво волан
  • Дефекти на CVT автоматскиот менувач
  1. Mercedes-Benz – 32,36%

Слабости:

  • Влегување на во светлата
  • Дефект на пумпата за гориво кај дизел моторите,
  • Дефект на Sensotronic системот
  1. Toyota – 33,79%

Дефинитивно разочарување. Слабости:

  • Дефект на сензорот за висина на задната суспензија
  • Дефекти на клима уредот
  • Корозија
  1. BMW – 33,87%

Слабости:

  • ABS сензорите може да откажат.
  • Разни електрични дефекти
  • Проблеми со траговите на тркалата