Првите луѓе на Daimler се обидуваат да најдат нови начини да обезбедат дополнителен профит за акционерите

Компанијата, како и останатите производители, беше сериозно погодена од глобалната криза со пандемијата на корона вирусот, па управата на групата веројатно би била пресреќна ако продажбата на крајот од годината достигне нешто повеќе од два милиони возила, наместо 2,7 милиони колку што е предвидено со планот до 2025 година.

Поради сето тоа, Daimler во моментов планира да ги искомбинира двете најпознати каросериски конфигурации во моментот, создавајќи од теренец и седан, нова класа која може да се нарече SUL (Sporty Utility Limousine) .

Првиот претставник од сегментот SUL би се разликувал од класичниот седан, пред се по висината, а потоа и по ширината, но и по обемот на багажниот простор. Хибридната конфигурација, под која не се мисли на погонската единица, туку на неприродната и на прв поглед некомпатибилна комбинација на две верзии на каросеријата, би се разликувала од класичен кросовер во линијата на покривот.

Креаторите на деловната политика во Штутгарт се надеваат дека оваа идеја ќе им го донесе потребниот пресврт. Со овој стил на каросерија, Mercedes сака да ја оживее побарувачката во сегментот на автомобили од средна големина, како и оние од повисоката класа, што би ги вратило трендовите што се манифестираат на многу пазари.

Според информациите презентирани од германскиот весник Handelsblatt, првиот SUL кој ќе биде претставен пред публиката ќе биде дериват на седанот од А-класата, а ќе се случи во 2025 година. Таквиот модел ќе се нуди и како чисто електричен, но исто така и со конвенционален погон. Потоа SUL филозофијата ќе се спроведе нагоре низ опсегот, а следната „жртва“ на новиот тренд треба да биде Е-класата.

Воедно, раководството на Daimler сака да го растовари своето портфолио на производи, односно да се ослободи од моделите што се покажале како успешни. Соодветно на тоа, понатамошното производство на споменатата лимузина од А-класата ќе биде суспендирана, додека истата судбина ја чека Б-класата, како и CLA Shootingbrake. Престанокот на производството на овие модели ќе се одвива во фази и на среден рок. Затоа, не се очекува промена на генерации кај споменатите членови на гамата на Mercedes.