Новиот VW Golf влезе во германските салони
Што нуди за помалку од 20.000 евра?
Golf Mk8 доаѓа во четири нивоа на опрема – основниот, Life, Style и R-Line. Основната верзија на Golf треба да чини под 20 000 евра кога ќе појави во салоните во почетокот на следната година.
Основниот пакет стандардно ќе вклучува Car2X конекција (комуникација со околината – автомобили, сообраќајни знаци …), Lane Assist – систем за следење на сообраќајната лента, Emergency Braking Front Assist – сопирање во случај на неочекувана пречка, Braking with Pedestrian & Cyclist Monitoring – систем за сопирање кој ги следи пешаците и велосипедистите, дигиталната инструмент табла, мултимедијален систем со онлајн сервис, автоматска климатизација, LED фарови и задни светла …
Пакетот Life кој веќе е во салоните во Германија, со себе носи мултимедијален систем Discover Pro со гласовни контроли, Dynamic Road Sign Disley, кожна облога на управувачот и менувачот, полнење на безжични телефони, хромирани детали за внатрешни работи, систем за паркирање, автоматски светла. Голфот во Life пакетот на опрема со 1.5-литарски TSI со 130 КС ќе чини 27.510 евра (Германија).
Освен споменатиот мотор, VW со почетокот на продажбата ќе понуди уште три типа на мотори – 1,5-литарски TSI со 150 КС и 2.0-литарски TDI со 115 и 150 КС.
VW тврди дека новата дизел единица со системот Double AdBlue Injection ги намалува емисиите на азотни оксиди за 80%, со 17% помала потрошувачка.
Двете TSI и TDI единици се спарени со нов 6-степен мануелен менувач што дополнително ги намалува емисиите на јаглерод диоксид, а со помоќниот TDI со моќност од 150 КС, моделот доаѓа исклучиве со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.
VW подготвува уште помоќна моторна единица, веќе на од почетокот на следната година, вклучувајќи моќна хибридна единица од 245 КС.