Зимата веќе зема замав, новогодишните и божиќни празници се ближат, а тоа значи деке наближува и времето кога многумина ќе сакаат да патуваат во друга европска земја

Употребата на зимски гуми освен во нашата земја е задолжителна и во Австрија, Белорусија, БиХ, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Словенија и Шведска.

Албанија – Зимските гуми не се обврска, но возачите во возилата од 1 ноември до 30 април мора да поседуваат ланци.

Андора – зимските гуми се опционални, но може да се користат од 1 ноември до 15 април. Минималната длабочина на шарата е 4 mm.

Ерменија – Зимските гуми се опционални, но мора да бидат соодветни за зимски услови.

Австрија – зимските гуми се обврска, а потребно е поседување и на соодветни ланци. Законот е на сила од 1 ноември до 15 април. Минималната длабочина на шарата на гумите е 4 mm и мора да имаат ознака М&Ѕ.

Белорусија – зимските гуми се обврска, а ланците се дозволени помеѓу 1 декември и 1 март.

Белгија – зимските гуми се опционални, а употребата на ланци е дозволена.

БиХ – од 15 ноември до 15 април, без оглед на временските услови, неопходно е да се користат зимски гуми или гуми за сите сезони, односно летни гуми со длабочина на шарата од најмалку 4 mm. Поседувањето на ланци е исто така обврска.

Бугарија – Се препорачуваат зимски гуми, а поседување на ланци е обврска од 1-ви ноември до 31 март.

Хрватска – Во случај на снег и мраз, возачите мора да користат најмалку две зимски гуми поставени на погонските тркала, со минимална длабочина на шарата од 4 mm. Дел од опремата како обврска се ланци и лопата.

Кипар – Се препорачуваат зимски гуми.

Чешка – зимските гуми се обврска, исто како поседувањето на соодветни ланци. Зимската сезона трае од 1 ноември до 1 април, со минимална длабочина на шарата од 4 мм.

Данска – Се препорачуваат зимски или гуми за сите сезони со употреба по потреба на ланци.

Естонија – зимските гуми се обврска од 1 декември до крајот на февруари, со минимална длабочина на шарата од 3 mm.

Финска – зимски гуми или гуми за сите сезони се обврска, а употребата на ланци е дозволена од 1 декември до крајот на февруари. Гумите мора да имаат ознака М&Ѕ и длабочина на шарата од најмалку 3 mm.

Франција – генерално, зимските гуми се опционални. Сепак, во одредени планински области, потребни се зимски гуми, а ланците може да бидат алтернатива.

Германија – со регулативата од 2010 година сите патнички автомобили и мотоцикли мора да имаат зимски или гуми за сите сезони на сите осовини за време на зимските услови. Исто така, се препорачува поседување на ланци.

Грција – зимските гуми се опционални, но оние кои се користа мора да бидат соодветни за зимски услови. Дозволени се ланци.

Унгарија – Зимските гуми се опционални, но возачите мора да имаат ланци во случај на лоши временски прилики.

Исланд – зимските гуми или гуми за сите сезони се обврска од 1 ноември до 14 април. Датумите понекогаш се менуваат.

Италија – се препорачуваат зимски гуми, а како обврска се само на одредени патишта. Во одредени области поседување ланци е обврска. Зимската сезона трае од 15 октомври до 15 април. 

Латвија – зимските гуми се обврска од 1 декември до 1 март.

Литванија – зимските гуми се обврска од 1 ноември до 1 април.

Луксембург – Зимските гуми се опционални, но гумите мора да бидат соодветни за зимски услови.

Молдавија – зимските гуми се обврска од 15 ноември до 31 март.

Норвешка – зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 3 мм се обврска ако патот е покриен со снег или мраз. Во другите услови во текот на зимата се препорачуваат, но се по избор. Сепак, поседувањето ланци е обврска.

Полска – Се препорачуваат зимски гуми, но не се обврска.

Португалија – Зимските гуми се опционални, но потребни се ланци онаму каде има знак за тоа.

Романија – Зимските гуми се опционални, но мора да бидат соодветни за зимски услови.

Русија – зимските гуми се задолжителни, како и поседувањето на ланци.

Словачка – Зимските гуми се опционални, но во услови на снег и мраз мора да се користат оние со ознака М&Ѕ.

Словенија – зимските гуми се задолжителни, како и поседувањето ланци и лопата. Зимската сезона трае од 15 ноември до 15 март.

Србија – сите патнички автомобили и мотоцикли мора да имаат зимски гуми на сите осовини во периодот од 1 ноември до 1 април. Поседувањето на ланци на ланци е исто така обврска.

Шпанија – Употребата на зимски гуми варира според регионот. Треба да се обрне внимание на сообраќајните знаци што укажуваат дали е задолжително да имате зимски гуми или ланци.

Шведска – зимските гуми се обврска, а се препорачува и поседување на ланци од 1 декември до 31 март. Гумите мора да имаат ознака М&Ѕ и минимална длабочина на шарата од 3 mm.

Швајцарија – како и во Шпанија, зимските гуми се опционални, но мора да бидат соодветни за зимски услови. Следете ги сообраќајните знаци кои укажуваат на тоа каде се потребни зимски гуми или ланци.

Турција – зимските гуми се опционални, но се препорачува поседување на ланци.

Украина – зимските гуми се опционални.

Велика Британија – Зимските гуми се опционални, ланците дозволени.