Новиот Volvo S60 без дизел мотор!
Минатата година извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, изјави дека шведскиот производител на автомобили повеќе нема да развива дизел мотори, а сега, очигледно, ќе почне и да ги елиминира од својата гама
Имено, Хакан Самуелсон деновиве откри дека во понудата за новата генерација на Volvo S60 нема да има дизел мотор. Овој автомобил ќе биде официјално претставен во Јужна Каролина ова лето, а ќе се произведува во нов објект во Риџвил.
Одлуката новиот S60 да остане без дизел понуда е голема промена, а очигледно и најава дека идните автомобили со логото на Volvo ќе имаат електрични погонски состави. Претставниците на компанијата, исто така, наведуваат дека до 2025 година, половина од вкупната продажба на нивниот бренд ќе бидат возила со некоја форма на електрификација.
Ако може да му се верува на Самуелсон, одлуката за отфрлање на дизел моторите не е направена поради тоа што тие испуштаат повеќе штетни гасови во атмосферата. „Ние не велиме дека дизел моторите се понечисти, туку нивното конструирање е посложено и поскапо“, рече Самуелсон.
Тој додава дека новите стандарди за емисии ќе направат производителите се потешко да може да изградат дизел мотори кои ќе ги исполнат. Ова за возврат ќе доведе до зголемување на нивната цена и ќе биде потребно повеќе време за нивно конструирање.
Самуелсон не ги „критикува“ дизел моторите, бидејќи вели дека нивната единствена предност е помала потрошувачка на гориво во однос на бензинските агрегати. Сепак, тој вели дека технологијата на „благ“ хибриден погон може да ги направи бензинските агрегати поефикасни и поекономични.
Volvo и понатаму ќе продолжи да продава модели со дизел мотори, но недостатокот на истиот за новата генерација на S60 е јасен знак за она што следува. На крајот, шведскиот производител целосно ќе го напушти дизел моторот, но сеуште нема индикација кога ова официјално може да се случи.
Сега кога се знае дека новиот S60 нема да има дизел мотор во понуда, изгледа дека моделот ќе се продава само со бензински мотори превземени од V60.