Microsoft најави апликација за Windows наменета за синхронизација на содржини помеѓу паметните телефони и персоналните компјутери

Не на неодамнешната конференција на Microsoft, Build, од оваа компанија најавија нова апликација на која во моментов работат и која треба да ги синхронизира содржините помеѓу паметните телефони и компјутерите со Windows оперативен систем. Апликацијата Your Phone ќе се поврзува и со паметните телефони на Apple и со уредите со Android оперативен систем, но има голема разлика помеѓу можностите на тие апликации.

Имено, апликацијата Your Phone и на iPhone и Android моделите ќе овозможи синхронизација на слики и известувања, а корисниците на Android преку оваа апликација на компјутерите со Windows ќе бидат во можност да ги синхронизираат и пораките, опција која нема да биде овозможена за корисниците на Apple уреди.

Apple не дозволува апликации од трети страни да го користат iMessage на ист начин како што е тоа можно со Android, па затоа iMessage не може да се користи на други платформи освен оние на Apple.

Во Microsoft, сепак, веруваат дека ова во иднина може да се промени, па затоа се подготвени да разговараат со тимот на Apple и се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик во врска со оваа можност.

Shilpa Ranganathan од Microsoft во разговор со медиумите, вели дека „компанијата сега не е таму каде што сака да биде“, кога станува збор за пораки од уреди на Apple во споредба со Android, но верува во блиска промена на ситуацијата, за заедничка корист на Microsoft и Apple, како и на сите корисници.