Комплетно новиот SEAT Leon е добитник на главната награда на Autobest 2021, Best Buy Car of Europe 2021

Жирито на AutoBest го сочинуваат автомобилски новинари од 31 земја во Европа кои го избираат најдобриот во повеќе категории, а официјален член на жирито од нашата земја е Мишко Барзов од Автомагазин. Ова е втор пат во 70-годишната историја на SEAT да ја добие оваа награда – во 2017 година истата награда ја доби SEAT Ateca. 

„Горди сме што нашиот нов SEAT Leon е избран за AUTOBEST Best Buy Car of Europe 2021, најдобро можно признание за тимот што беше вклучен во лансирањето на најдобриот Leon досега. Автомобилот е дизајниран, развиен и произведен во Барселона, а оваа награда ни дава нова сила да гледаме самоуверено во иднината. SEAT Leon генерација по генерација докажува дека е важен столб на сегментот и наградата од AUTOBEST го зајакнува значењето што го има Leon на пазарот“, вели Вејн Грифитс, претседател на SEAT и CUPRA. „SEAT Leon го доведе сегментот на едно ново ниво, комбинирајќи импресивен дизајн со технолошкиот напредок за да создаде возило што обезбедува сè што им е потребно на клиентите“.

Наградата AUTOBEST е меѓу најпрестижните во Европа и се одржува во континуитет од основањето во 2001 година.