Новата генерација на јапонскиот мал урбан модел треба да биде претставена во средината на следната година.

Ќe биде многу интересно да се види што ќе стори Toyota со својот претставник во сегментот А, но ако им се верува на последните фотографии од папараците, јапонската марка подготвува големи промени. Се очекува целосно нова силуета во споредба со сегашниот модел, со јасни индикации за стилот на кросовер во идната итерација. Покрај тоа, „Х“ на предниот дел на возилото, кој веќе подолго време е знак на препознавање на овој автомобил, заминува во историјата.

Наместо тоа, ќе видиме сличен дизајн како оној на малку поголемиот Yaris. На крајот на краиштата, новиот Aygo ќе ја сподели платформата со својот поголем брат, односно ќе користи скратена верзија на архитектурата TGNA-B.

Моторната гама засега останува мистерија. Сигурно е дека сегашниот бензинец со три цилиндри ќе најде примена и во новата генерација, но не е јасно дали ќе има повеќе понудени единици. Некои странски експертски медиуми наведуваат дека Toyota може да понуди и класичен хибриден погонски систем, но дека тоа ќе дојде подоцна во текот на животниот циклус на Aygo.

Така, новата генеразија на Aygo целосно ќе раскине со „француските“ гени. Неговите браќа Citroen C1 и Peugeot 108 се пензионираат, додека поранешната заедничка фабрика на PSA Group и Toyota, каде беа произведувани сите овие автомобили, ќе припадне на втората марка.