Познато е дека акционерите на групацијата Volkswagen ја тужеа компанијата и бараа надокнада на штета во износ од 9,2 милијарди евра, како резултат на дизел скандалот, кој можел да биде избегнат ако инвеститорите биле известени за тоа

Од друга страна, по иста основа, и акционерите на Porsche го тужеа ентитетот чии акции поседуваат, а бидејќи Volkswagen е косопственик на Porsche, се најде во ситуација да биде во правен конфликт поврзан со компанијата.

Германскиот суд во средата и нареди на компанијата Porsche Automobil Holding SE исплата во износ од 47.2 милиони евра на својот акционер Volkswagen Group, на име отштета за прекршување на правилата за објавување на информации во врска со дизел скандал.

Сите акционери кои во своето портфолио на инвестиции поседувале акции на Porsche SE, во периодот од 23 мај 2014 и 22 септември 2015 година, имаат право на надомест во износ кој го анулира падот на вредноста на акциите, предизвикан од откривањето на измамата извршена од страна на Volkswagen на Американска почва, стои пресудата на судот.

Porsche SE, кој поседува 30,8% од акциите на Volkswagen, што му обезбедува 52% од правото на глас, изјави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд на првостепената пресуда, и дека во компанијата се сигурни во позитивниот исход од жалбата.

„ Porsche SE е убеден дека тужбата е без основа“, стои во соопштението за јавноста до компанијата.

Акционерите на компанијата Porsche SE поднеле тужба против германскиот ентитет за пропустот навремено, веднаш по сознанието за избувнување на скандалот, да ги информира инвеститорите (акционерите), како што наложуваат германските закони. Досега, оваа измама VW групата ја чини над 27 милијарди евра, но тоа не е крајот.

Во времето на избувнување на скандалот, на чело на групата VW и компанијата Porsche SE, е ист човек, Мартин Винтеркорн.

Адвокатската канцеларија Nieding & Barth ја извести јавноста дека еден од акционерите на Porsche, Пензискиот фонд на град Централна Англија, Вулверхемптон, со пресудата има право на исплата на надомест на штета во износ од 3,2 милиони евра.

Друга адвокатска фирма, TILP издала соопштение за медиумите во кое се наведува дека од Porsche SE е побарано да исплати 44 милиони евра на другите акционери, инвеститори.

Иако се уште нема официјално правно толкување, би можело да се заклучи дека ваква првостепена пресуда ја приближува Volkswagen групата кон епилог во кој, по иста основа, ќе мора да плати на своите акционери отштета изразена преку огромна сума на пари, исто како што подразбира аналогијата во однос на пресудата против Porsche.