Двократниот Formula 1 шампион Фернандо Алонсо негираше дека од следната сезона ќе премине американскиот Formula 1 шампионат

Оваа приказна беше актуелна во изминатите неколку месеци откако шпанскиот возач потврди дека со завршувањето на сезоната завршува и неговата Formula 1 кариера.

Алонсо минатата година возеше на Indianapolis 500, најголемата трка од IndyCar шампионатот, каде што се квалификуваше како петти, водеше 27 круга и на крајот заврши како 24-ти откако му откажа моторот.

Пред неколку дена, првиот човек на McLaren, Зек Браун, изјави дека британскиот тим нема да се врати во Indy, а причината лежи во многу лошите деловни односи со Honda. Во IndyCar шампионатот учествуваат само два добавувачи на мотори (Honda и Chevrolet), а со оглед на тоа дека изминатите години McLaren имаше проблем со јапонската механика и од почетокот на оваа година прејде на моторите на Renault, во вода паднаа и сите надежи дека Алонсо би можел да заврши „преку барата“.

Honda исто така не сака никаква врска со McLaren, а Алонсо вели дека оваа одлука не играла никаква улога и дека само сака да се одмори по 20 години натпреварување на највисоко ниво. Ова не значи дека нема да вози ниту една трка, а во изборот се и понатаму Indianapolis 500 и 24-часа LeMans, каде што шпанскиот возач оваа година триумфираше зад воланот на Toyota.