Нови детали за VW Touareg 2019 / ВИДЕО
Неколку дена пред премиерата во Пекинг (23-ти март), Volkswagen објави уште еден тизер, коj овозможува уште подобар увид во новата генерација на SUV моделот од Волфсбург
Во краткото Volkswagen открива некои од дизајнерските линии, како и дизајнот на новите фарови со интегрирани LED дневни светла и индикатори за правец. Тука е и новата масивна решетка на ладилникот со хоризонтални хромирани „шипки“…
Новиот Touareg добива „помускулест“ изглед кога станува збор за надворешниот изглед. Сегашниот модел не е преполн со облини, но има и некако „помека“ нота севкупно гледано, особено странично. Овие елементи се исклучени од новата генерација, која е некако со погруб изглед. Но дефинитивно изгледа моделот изгледа попрестижно.
Новиот Touareg се префрла на платформата MLB Evo, што го прави малку поголем, но во исто време и полесен (треба да биде околу 100 килограми полесен во однос на претходникот). Управувањето на задните тркала и активните хоризонтални стабилизатори, со во игра, со што драматично треба да се „изостри“ маневрирањето.
Гамата на достапни погонски единици ќе биде многу широка, а ќе вклучува и plug-in хибрид.
Кога станува збор за ентериерот, видеото и претходните шпионски фотографии покажуваат дека Touareg добива значително изменет простор за салонот. VW планира да имплементира 12-инчен инструментален панел и 15-инчен екран на допир на централната конзола. Се очекува достапност и на варијанта со седум седишта.