Во Тампа, Аризона, се случил сообраќаен инцидент со смртни последици откако автономно возило на Uber, удрило во жена. Колку што е познато, ова е прв случај со смртни последици за пешак, предизвикан од целосно автономно возило

Возилото било во самовозечки режим, со возач за безбедност зад воланот, во моментот кога удрило во жената, која преминувала улица во близина на пешачки премин, соопштува полицијата во градот Тампа.

Од компанијата Uber велат дека веднаш се стопирани сите тестирања на нивните автономни возила во градовите Тампа, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.

„Ја споделуваме тагата на семејството на жртвата. Ние целосно соработуваме во истрагата за оваа несреќа со надлежните органи“, вели Сара Абуд, застапник на Uber.

Оваа сообраќајна несреќа со фатални последици речиси сигурно ќе ги доведе под знак прашање законите за самовозечки автомобили. Тестирањето на автономни возила со возач за безбедност се одвиваат веќе подолго време, а многу држави овозможуваат и тестирање без лице зад возачот како што е случајот со Аризона.

Автономните возила, според сите очекувања, треба да бидат побезбедни отколку автомобилите управувани од страна на човек, пред се затоа што ништо неможе да им го оттргне вниманието од патот и секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци. Сепак, истражувачите кои работат на оваа технологија се уште се мачат како да го научат автономниот систем да реагира на можна човечка грешка и неочекувано однесување.

Како потсетување, во 2016 година, човек кој возел Tesla во автономен режим, загинал на патот откако автомобилот удрил во тракторска приколка која преминувала крстосница.