Во пресрет на премиерата на 11 ноември, Škoda Octavia веќе е на „насловните страници“ со оглед на тоа дека компанијата веќе откри многу информации

Најпродаваниот модел на чешката компанија ќе дебитира во варијантата Combi (караван) во Прага, а седанот се очекува неколку недели подоцна. Škoda Octavia Scout со зголемен клиренс и спортската Octavia RS во понудата ќе бидат додадени во 2020 година.

Четвртата генерација на Škoda Octavia е 19 mm подолга и 15 mm поширока од предходникот, додека меѓуоскиното растојание е 2.686 mm. Благодарение на поинтелегентниот дизајн, патниците на задната клупа ќе имаат 78 mm повеќе простор за нозете. Седанот ќе има 600, а караван верзијата 640 литри багажен простор, што е најголем капацитет во сегментот.

Škoda Octavia ќе добие целосно LED Matrix фарови, LED задни светла, динамични индикатори за правец, малку поголема предна маска, нови браници и поспортска силуета.

Подигнат екран, ергономска поддршка за грбот, три-зонска клима, нов волан, Shift by Wire технологија… се главните карактеристики на ентериерот. Внатре, ќе потсетува на новиот VW Golf, со 10-инчna дигитална табла и мултимедијален систем со иста големина.

Škoda Octavia, како и Superb, ќе добие plug-in хибридна верзија со ознаката iV, со 1.4-литарски TSI бензински мотор и електрo-мотор во варијанти од 204 и 245 КС, спарени со 6-степен DSG.

Хибридната Octavia ќе има верзии со 1.0-литарски TSI со 110 КС и 1.5-литарски TSI со 150 КС опремени со 48V стартер-мотор и 48V литиум-јонска батерија, а сето тоа споено со 7-брзински DSG како опција. Најмоќната верзија ќе има 190 КС добиени од 2.0-литарски TSI спарен со 7-брзински DSG.

Треба да се спомене и новиот 2.0-литарски TDI дизел во варијанти од 115 до 200 КС.

Кој сака погон на природен гас, ќе има и варијанта CNG со 1,5-литарски TSI од 130 КС, со резервоар за метан од девет литри.

Погонот на сите тркала ќе биде достапен само во одредени верзии.