Неверојатно! Tesla е 6 години пред традиционалните компании како Volkswagen и Toyota
Автомобилите на Tesla, а особено нивниот компјутер за целосно автономно возење, со години се пред конкуренцијата, открива неодамнешна студија за Model 3
Повеќето сопственици на електрични возила се убедени дека откако ќе седнат на воланот на своето е-милениче, никогаш повеќе нема да купат или да возат класичен бензинec или дизел мотор. Ова особено може да се каже за сопствениците на Tesla, која кога станува збор за технологија, како и за развој на батерии, е далеку пред конкуренцијата.
Ако некогаш сте се запрашале која е предноста на компанијата на Маск во однос на традиционалните автомобилски гиганти, сега имаме конкретен одговор – шест години. Така барем се тврди во Nikkei Business Publication, откако го демонтирале Model 3 и ги тестирале неговите индивидуални компоненти. По тестот, откриле дека компанијата на Маск која е основана пред помалку од 20 години и испорачала помалку од 400.000 возила минатата година, е дури 6 или повеќе години пред компании како Toyota или Volkswagen, кои продаваат околу десет милиони автомобили годишно.
Оваа предност е особено се однесува на компјутерот за целосно автономно возење (Hardware 3), кој е најнапредниот дел од електричните автомобили на Илон Маск. Технологијата развиена во лабораториите на Tesla е толку напредна што инженерите од еден голем јапонски производител на автомобили биле зачудени од централната контролна единица на Tesla што искоментирале:
„Ние ова неможе да го направиме“.
Модулот за целосно автономно возење, кој сè уште не е активиран, е достапен во сите нови Model 3, S и X и се состои од два AI процесори, развиени во Tesla, исто како и софтверот што го поддржува тој хардвер. Ваквата платформа, веќе достапна во Tesla, не треба да се очекува во автомобилите на други компании пред 2025 година, а веројатно и подоцна. Ваквата електронска платформа, со моќен чип во основата, ги држи клучевите за обработка на големи количини на податоци во утрешните попаметни и поавтономни автомобили, истакнуваат од Nikkei.
Еден од проблемите со новите технологии што ги развива Teslа е тоа што ќе влијае на целиот ланец на снабдување во автомобилската индустрија, каков што се користи со децении. Тоа е една од сопирачките за традиционалните компании кои сакаат да продолжат да работат со долгогодишните добавувачи на компоненти, за кои, како и за нивните вработени, е прашање на живот и смрт. Сепак, и тие се свесни за промените што доаѓаат и кои можеби не се толку брзи, но со текот на годините треба радикално да ја променат автомобилската индустрија.