Најпродавани марки на автомобили во ЕУ за 2019 година
Октомври конечно донесе преродба на европскиот пазар на автомобили: раст од 8,7%, кој во најголем дел се должи на фактот дека повеќето производители ги надминаа потешкотиите кои ги имаа со новите WLTP тестови за емисија
Ова особено важи за групата Volkswagen, чии брендови имаа вистински продажен бум во месец oктомври: раст од 29,5% за Volkswagen, раст од 26% за Seat, раст од 65% за Audi и неверојатен раст од 424% за Porsche (во октомври се продадени 8.313 возила, споредбено со само 1.586 во истиот месец минатата година). Објаснувањето е едноставно: во септември и октомври минатата година, WLTP стана задолжителен и моделите кои не беа сертифицирани според овој стандард привремено престанаа да се нудат.
Затоа, не е ни чудо што групата VW и понатаму ја има лидерската позиција на европскиот пазар, со пазарен удел од скоро 25%. По неа следат PSA Peugeot-Citroen со 16,3% и Renault (без Nissan) со 10,6%. VW ќе ја задржи првата позиција дури и по спојувањето на PSA и FCA, кои сега имаат комбиниран удел на пазарот од 22,4%.
Кај масовните брендови, најзначаен раст забележала Dacia (11% и пазарен удел од 3,7% – колку што имаат Nissan и Mitsubishi заедно), а потоа следат Seat (10%, пазарен удел од 3,3%) и Citroen (7%). Забележителен раст од 27% има и Lancia, иако оваа марка продава само еден модел на еден пазар – италијанскиот. Наспроти тоа, Alfa Romeo има пад на продажбата од 40%, а Fiat од 10%. Сериозен пад бележат и Jaguar (-8%), Honda (-13%) и особено Nissan (-23%).
Пазарен удел и продажба по брендови во ЕУ
(јануари-октомври 2019)
- Kia (3.3% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 422.602
(+1.2% во однос на истиот период во 2018)
- Hyundai (3.6% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 460.855
(+1.4% во однос на истиот период во 2018)
- Dacia (3.7% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 483.176
(+11% во однос на истиот период во 2018)
- Citroen (4.2% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 543.499
(+6.8% во однос на истиот период во 2018)
- Fiat (4.3% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 555.663
(-10.1% во однос на истиот период во 2018)
- Toyota (4.7% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 609.207
(+2.5% во однос на истиот период во 2018)
- Audi (4.7% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 610.385
(-1.7% во однос на истиот период во 2018)
- Škoda (4.8% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 615.780
(+3.2% во однос на истиот период во 2018)
- BMW (5.1% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 655.322
(+0.2% во однос на истиот период во 2018)
- Opel (5.5% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 717.225
(-4.5% во однос на истиот период во 2018)
- Mercedes (5.6% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 727.440
(+3.9% во однос на истиот период во 2018)
- Ford (6.2% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 801.473
(-3.2% во однос на истиот период во 2018)
- Peugeot (6.2% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 807.302
(-1.5% во однос на истиот период во 2018)
- Renault (6.8% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 875.729
(-6.8% во однос на истиот период во 2018)
- Volkswagen (11.1% пазарен удел)
Продажба јануари-октомври: 1.440.977
(-1.5% во однос на истиот период во 2018)