Најавувана уште пред неколку месеци, премиерата на новиот модел на Tesla ја изненади јавноста, како и нејзините конкуренти. Она што го претстави Маск, светот веројатно тешко ќе го „проголта“.

Илон Маск, лично го претстави својот најконтроверзен модел досега. Tesla Cybertruck пристигна и навистина изгледа така како што изгледа. Многумина веројатно помислија дека станува збор за шега и дека Маск по воведот ќе претстави вистински модел, но тоа не се случи.

Cybertruck е главната алатка со која Маск и Tesla сакаат да го променат имиџот на американските патишта, но и начинот на кој ќе размислуваат американските возачи. Имено, пикап моделите со децении се најпопуларна класа на возила во Америка, а Ford F-серијата со години е неосвоива тврдина. И токму корисниците на овие возила кои се најтврдиот орев, конзервативни возачи кои често го не го штедат своето возило, а не се ниту нешто многу наклонети кон новите технологии.

И токму нив Маск им се обраќа со неговиот камионет. Акцентираниот аглест дизајн на трапезоидни површини богами го има, што се вели. Моделот е долг е 5.885 mm, широк 227 mm и висок 1.905 mm. Сместува шест патници, а салонскиот дел засега неможе да се види во живо. Сегашниот управувач инспириран од Knight Rider, најверојатно, нема да влезе во производство. а самиот почеток на производството е закажан за 2021 година.

Најинтересното… 

Топ изведбата се одликува со три електрични мотори, погон на сите тркала и 2,9 секунди до стотка. Автономијата е дури 800 километри и ќе чини 69.900 долари. Може да повлече до 6.350 килограми.

Интересно е и тоа што Cybertruck има монокок челична подлога и воздушна суспензија, но исто така и карго област долга два метра. За време на презентацијата, камионот покажа слабост кај прозорците. Така, демонстрацијата на прозорците „кои не може да се скршат“ всушност заврши со целосно кршење. „Хм, има уште простор за напредок“, беше коментарот на Маск.

Најевтината верзија со погон на задните тркала има автономија од 400 километри и конкурентна почетна цена од 39.900 долари. Ако некого воопшто интересира, со 96 km/h стигнува за 6,5 секунди. 

Понудата во средина е двоен мотор и автономија од 480 км, забрзување од 4,5 секунди и цена од 49.900 долари.

Илон Маск потенцира дека овој пикап или камионет ќе биде подеднакво управлив и брз како Porsche, но исто така добро ќе може да се справи и со тешкиот терен.