Audi го претстави обновениот Q7 во две нови верзии

Зад ознаките 55 TFSIe и 60 TFSIe се крие нов plug-in хибриден погон кој го сочинуваат 3.0 V6 TFSI мотор од 340 КС и 450Nm во комбинација со електричен погон. Кај послабата варијанта, сенергискиот ефект е 381 КС и 600 Nm, додека кај помоќната варијанта достигнува 456 КС и 700 Nm.

Електромоторот е сместен во куќиштето на осум-степениот менувач, а напојуван од Li-Ion батерискиот систем од 17,3 kWh (308 V), тој нуди електричен опсег од 43 километри. Од друга страна, со целосен ангажман, забрзувањето до 100 km/h e 5,7 секунди, или 5,9 секунди во послабата верзија. Моделот на струја има максимална брзина до 135 km/h, а кога ќе се вклучи и бензинецот, границата е 250 km/h. 

Она што е најзначајно е просечната потрошувачка на гориво на оваа моќна „грдосија“, а таа е 3 л / 100 км и емисија на СО2 од само 64 g / km.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”16DEzHavJ_Cihlx3ZIfM1YF8MteqBLbC7″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]