Со претставувањето на новата итерација на GLA, Mercedes ја заокружи својата понуда на компактни автомобили

Новиот GLA е поставен на платформата MFA, која ја користат, секако А-класата, но и CLA, B класата и GLB, кој е воедно и најголемиот модел базиран на оваа архитектура.

Надворешниот дизајн е еволутивен чекор напред во однос на моделот во заминување. Големи промени нема, но јасно е дека стилските елементи кои доминираат во А-класата го пронашле местото и во GLA, а предната светлосна група е слична на онаа на GLB.

Новата генерација на GLA доаѓа во различни димензии од претходникот. И покрај тоа што е пократка, има поголемо меѓуоскино растојание за 3 cm. Покрај тоа, новиот кросовер има помал клиренс од својот предходник, но во исто време е повисок за 10,4 cm, што обезбедува значително повеќе простор за патниците во внатрешноста на салонот. Ваквите димензии дозволиле и поголем обем на багажниот простор кој сега може да собере 435 литри 14 литри повеќе.

Кога станува збор за ентериерот, Mercedes посочува дека тие направиле чекор напред во однос на ергономијата, но и квалитетот на користените материјали. Секако, пред возачот сега е веќе стандардот на германскиот производител со два дисплеи кои доаѓаат во три комбинации, два екрани од 7 инчи, еден од 10,25 и еден од 7 инчи, и два од 10,25 инчи.

Се разбира, тука е имплементацијата на системот MBUX, а Mercedes може да се пофали и со таканаречениот Driving Assistance Package или пакет опрема што носи неколку напредни активни системи за безбедност.

Кога станува збор за агрегатите, влезната погонска единица е мотор од 1,33-литри со 163 КС, развиен со Renault. Втората единица што ќе биде достапна веднаш по лансирањето на GLA е врвот на понудата, или варијантата на AMG со повеќе од 300 КС.

Останатите погони ќе бидат достапни подоцна. Во понудата ќе има и дизел агрегати, но сè уште не е прецизирано што точно ќе биде понудено. Покрај тоа, Mercedes најавува и plug-in хибридна варијанта. Најверојатно, овој хибрид ќе користи 1.3-литарски мотор во комбинација со електричен мотор и батерија од 15,6 kWh.

Првиот човек на Mercedes, Ола Келениус, иако не дава точни спецификации на најавениот хибрид, вели дека овој plug-in хибрид ќе има автономија на движење користејќи само електрична енергија поголема од 50 километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1EBpnnOdbdM_N4iVaGWNnPHreaOr8-mjF” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

GLA веднаш ја добива и перформанс варијантата, која беше претставена заедно со стандардниот модел. Срцето на оваа AMG модификација е моќен 2.0-литарски турбо 4-цилиндерски мотор кој развива 306 КС и 400 Nm.

Вообичаените визуелни промени кај овие верзии се видливи и овде. Тука е карактеристичната AMG решетка, проследена со бандажи со пет-крака од 19 инчи (опционално до 21-инч во големина). На крајот од покривот има мал спојлер, како и дифузер.

Ентериерот е значително попрестижен и полуксузен од стандардното издание, при што Mercedes особено ја нагласува употребата на Артико кожата.

Се разбира, перформансите се во прв план. Дволитарскиот турбо мотор преку осумстепен автоматски менувач моќноста ја пренесува на сите тркала. Забрзувањето до 100 km/h е за 5,1 секунди додека најголемата брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1MXv0fNngXuhp1rdXoodr35OkZamFA1wZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во Mercedes велат дека GLA е од огромна важност за марката. Како прво, затоа што купувачите на овој кросовер се претежно млади луѓе, но и затоа што моделот се покажал одлично кога станува збор за резултатите од продажбата – досега околу еден милион примероци.