Kia регистрираше ново лого во Корејската агенција за интелектуална сопственост

Корејскиот производител на автомобили во последните десетина години оствари голем чекор напред кога станува збор за дизајнот на автомобилите, но многу фанови на брендот, барем според некои реакции по социјалните медиуми, сметаат дека логото е стилски неадекватно и застарено. Ова веројатно наскоро ќе се промени, со оглед на тоа дека Kia кон крајот на ноември во Корејската агенција за интелектуална сопственост регистрирала ново логово две варијанти – црвена и црна.

И додека на пример Volkswagen кој исто така го промени логото, тоа го направи дискретно, кај Kia промената е голема. Новиот амблем е значително модернизиран и е многу поразличен од сегашниот кој ги краси моделите на корејскиот производител.

Всушност, ова не е прв пат да гледаме идно лого, бидејќи Kia веќе покажа слична варијација на тема со амблемот на футуристичкиот концепт Imagine на овогодинешното издание на Женева Мотор Шоу.

Останува, сепак, да се види дали новиот амблем ќе го носат сите идни модели на Kia или само електрифицираните автомобили – хибридни или чисто електрични.