Најава за „црна“ автомобилска година
Иако ситуацијата со коронавирусот во февруари сè уште не беше ескалирана во Германија, во оваа земја во првите два месеци од годината забележан е пад на продажбата на нови автомобили од -9,1%
Најголемиот пазар на автомобили во Европа сега почна да ги трпи и ударите од пандемија, што е лош знак за целокупниот пазар на ЕУ кога станува збор за 2020 година.
Иако бројот на продадени 484.996 возила на прв поглед изгледа импресивен, тоа е скоро 10 проценти помалку споредбено со истиот период во 2019 година. Треба да се има предвид дека ефектите од пандемијата врз трговијата со автомобили во првите два месеци не се чувствуваа толку многу, во споредба со март и месеците што следат.
Податоците објавени од специјализираната страница focus2move покажуваат дека во Германија во февруари најголем пад има Opel (-22,4%), по што следат Ford (-18,1%) и Audi (-10,1%). Лидерот по бројот на продадени автомобили во Германија, Volkswagen исто така има пад споредбено со истиот период од минатата година (-7,6%).
Интересно е тoa што само еден производител и во таква ситуација успеал да оствари одличен резултат, а тоа е за Seat. Шпанците продале 25% повеќе автомобили во Германија во првите два месеци отколку во јануари-февруари 2019 година.