Фердинанд Пих, лицето кое ја претвори групата Volkswagen во еден од глобалните лидери во автомобилската индустрија, почина на 83-годишна возраст

Според германските медиуми, Пих присуствувал на некаков социјален настан во Горна Баварија, каде му се слошило за време на вечерата, по што колабрирал. Веднаш потоа, тој бил примен во болница каде што починал неколку часа подоцна, рано ноќва. Причината за смртта сè уште не е позната.

Како внук на легендарниот Фердинанд Порше, Пих на чело на групата Volkswagen доаѓа во 1993 година. Под негово водство, германскиот гигант ги купува Lamborghini, Bentley, Bugatti i Ducati, а го одобрува и производството на Bugatti Veyron, кој до 2017 година се сметаше за најбрз производствен автомобил во светот.

Фердинанд Пих го смени начинот на деловно работење до таа мера што групацијата Volkswagen денес се бори со Toyotа за титулата најуспешна марка во светот, мерено според продажните резултати.

Фердинанд Пих е роден во Австрија на 17 април 1937 година, а неговата мајка Луиза е ќерка на Фердинанд Порше. Таткото на Пих, Антон, го водел брендот Porsche во повоениот период, a Пих својата кариера ja почнува како инженер уште во 1963 година. Неговото прво големо дело е легендарниот Porsche 917, кој се покажал како голем ризик за тогашната мала компанија, но производителот некако успеал да склопи 25 единици за да го хомологира за легендарната трка 24 часа ЛеМан. Моделот ја однесува победата во 1970 и 1971 година.

Една година подоцна, Пих преминува во Audi и го одобрува развојот на агрегатот со пет цилиндри, како и на легендарниот Quattro погонски систем на четири тркала.

Успесите со Audi овозможуваат Пих да стане првиот човек на целата група Volkswagen цели девет години сè до неговото пензионирање на 65 годишна возраст. 

Ова не значи дека секој потег бил осуден на успех, а најдобриот пример за „потрошени пари“ станува Volkswagen Phaeton, во кој компанијата инвестира големи суми пари, а сепак на крајот нема комерцијални резултати. Пих е на чело на групата Volkswagen и во времето во које е развиен познатиот софтвер за манипулирање со штетните емисии кај дизел моторите, но тој никогаш не е обвинет по ниеден основ.