Според новиот и остар повеќепартиски парламентарен извештај, британската влада треба да излезе од општото клише на размислување доколку сака да постигне значително намалување на загадувањето. Во суштина, ова може да важи и за Македонија, но и за секоја земја каде што автомобилите се основно превозно средство

Значи, електричните автомобили не се решението. Она што луѓето треба да го сторат е да седнат на своите велосипеди или да користат јавен превоз во поголема или помала мерка. Извештајот, објавен на 22 август, под наслов „Чист раст: технологија за усогласување со целите за намалување на емисиите во Велика Британија“.

Замената на тековните возила со возила со пониски емисии не „држи вода“ и не е сеопфатно решение, како што мислат надлежните. Во извештајот се цитира предупредувањето од геолошкото истражување на САД во врска со одреден иден недостиг на минерали потребни за производство на батерии. Според сегашните проценки, т.е. темпото со кое се произведуваат електрични автомобили, минералните резерви овозможуваат експлоатација во текот на следните 30 години. Со оглед на тоа што производството на електрични автомобили веројатно ќе доживе раст, реалниот период е многу помал од наведениот период.

Со други зборови, електричните возила може да обезбедат решение за некои акутни проблеми, но тие не се толку еколошки како што изгледаат на прв поглед, барем не кога некој ќе размисли како минералите се извлечени од земјата и обработени, и за изворот на електрична енергија…

Комитетот отворено препорачува забрана за продажба на автомобили кои се напојуваат со бензински и дизел мотори пред 2040 година (целта е 2035 или порано), подобрување на технологијата за вадење и складирање на јаглерод и воведување финансиски стимулации за поекономични домаќинства.