Може ли новиот BMW iX да биде побрз од најлуксузните електрични теренци?! / ВИДЕО
Електричните теренци со премиум потпис се барана роба денес, а Tesla Model X одамна не е осамен на пазарот
Најнов во понудата е BMW iX, но и најскап. Кога станува збор за суперлативи, да речеме дека кандидатот на Tesla има најголема моќ, Audi има најголема динамика, а најлесен во понудата е Mercedes EQC.
Иако е најтежок во конкуренцијата, кандидатот на Audi на првата трка се покажал како најбрз. Со минимална разлика, BMW iX се пробил на второто место. Во другите трки, Audi морал да го отстапи тронот на домашниот ривал. И да, кандидатот на Mercedes, кој воедно е и најевтин, на сите трки завршил како последен.
Што се однесува до Tesla, треба да се каже дека на трката не учествувала врвната изведба Plaid, која сè уште нема вистинска конкуренција кога станува збор за забрзување.