Моторите на Opel веќе го исполнуваат идниот Euro 6d-TEMP стандард за емисии на издувни гасови

0

Германскиот производител го исполнил стандардот Euro 6d-TEMP за своите погонски единици 14 месеци пред истиот да стане задолжителен за сите новорегистрирани автомобили во септември 2019 година

Бензинските и погонски единици на течен нафтен гас во согласност со стандардот Euro 6d-TEMP се достапни во целата гама на Opel, која ги опфаќа моделите Adam, Karl, Corsa, Astra, Cascada, Mokka X, Crossland X, Grandland X и Zafira. Покрај тоа, усогласени се и некои дизел верзии.

„Брзата транзиција на Opel кон Euro 6d-TEMP е дел од нашата цел да ја преземе водечката улога во намалување на емисиите произведени од страна на автомобилите“, вели генералниот директор за инженеринг, Кристијан Милер.

„Следните чекори се четири електрифицирани модели до 2020 година, вклучувајќи ја и новата генерација на Corsa како електричен модел на батерии, како и Grandland Х како наш прв plug-in хибрид. До 2024 година, ние ќе бидеме целосно електрифицирани, со хибридна или електрична верзија на батерии за секој патнички модел на автомобил“, ветува Милер.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »