Автономните автомобили на Waymо досега имаат извозено повеќе од 11 милиони километри на јавни патишта во САД, а наскоро тестовите би можеле да продолат и во европски градови

Кога станува збор за автономни возила, повеќето експерти се согласуваат дека актуелниот лидер на овој пазар е Waymo на Google, чии автомобили веќе имаат извозено милиони километри без сериозни инциденти. Оваа компанија во САД веќе тестира превоз на патници во автомобили без возачи (значи и без лице на предното седиште подготвено да ја преземе контролата над управување), а наскоро треба да стартува и првата официјална такси служба со автономни возила во Феникс, САД.

По Феникс, Waymo сака да ги прошири своите услуги и во Лос Анџелес и други градови во САД, но тие исто така се размислува и за проширување на европскиот пазар. Ова е најавено на неодамнешниот автомобилски конгрес кој се одржа во Торино од страна на извршниот директор Џон Крафчик. Како што се пренесува во медиумите, Крафчик смета дека постои можност да се експериментира и на европскиот пазар, што укажува на експериментирање со различни производи и пазарни стратегии, но тој не споменува некои конкретни чекори што може да се направат во Европа.

Влезот на европскиот пазар може да биде попречен и од фактот дека Waymo како бренд не е добро познат во Европа, а малкумина знаат дека тоа е компанија од создадена од Google, а исто како и самиот Google, дел од Alphabet. Затоа, Waymo би требало да работи со позната автомобилска компанија преку која ќе биде полесно да навлезе во пазарот. Сепак тука е и проблемот со законите и правилата поврзани со автомобилскиот пазар.