Морбидели ја освои Валенсија пред Милер и Пол Еспаргаро, а Мир со освојувањето на 7-то место му ја донесе титулата на Suzuki по 20 години пост

Жоан Мир дојде до втората титула во кариерата, бидејќи претходно беше шампион во категоријата Moto3 во 2017 година. 23-годишниот шпански мотоциклист го наследи Марк Маркез на тронот, а во исто време стана и првиот возач кој освоил титули во Мото3 и кралската класа. Мир воедно му ја донесе на Suzuki првата титула по 20 години, кога шампион беше Кени Робертс јуниор.

Во претпоследната трка, младиот Шпанец возеше точно онолку колку што беше потребно за да се стигне до титулата шампион. Борбата на врвот му припадна на Морбидели, кој го победи Џек Милер на Pramac Ducati. На третото место од подиумот се искачи возачот на КТМ, Пол Еспаргаро.

Морбидели поведе од самиот старт, пред Еспаргаро и Милер, за да Австралиецот после грешката на стартот успее да се пробие на второто место. Возачот на Petronas Yamaha сигурно водеше во текот на целата трка, за да Милер го предизвикува во последниот круг и во еден момент дури успеа да го престигне. Сепак, Морбидели возврати, го престигна и со тоа дојде до третата победа оваа сезона.

Еспаргаро беше три секунди зад победникот, и седум десетинки пред Алекс Ринс на Suzuki, кому му требаше барем подиум за да остане во борбата за титулата. Во борбата за подиумот учествуваше и Такаки Накагами на LCR Honda, но тој излета од патеката во обид да го престигне Еспаргаро на десет круга пред крајот на трката.

Покрај одличната борба до самиот крај, обезбедувањето на титулата од Мир, втората трка во Валенсија ја обележа и новата грешка на возачот на Petronas Yamaha, Фабио Квартараро. Младиот Французин се чини уште една покажа дека тешко вози под притисок и излета од патеката.

Мирот пред последната трка во сезоната има недостижни 29 бода предност пред Морбидели, додека Ринс е на четири бода подалеку.

Шампионатот во Мото ГП завршува следната недела со трката за Големата награда на Португалија на патеката Алгарве.