Во салонот на Kia Motors Macedonia пристигна ажурираната четврта генерација на Kia Rio

Надградениот модел се карактеризира со низа подобрувања за повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на високо-конкурентскиот Б-сегмент.

Ажурираното Rio се нуди во три нови нивоа на опрема кои ќе се комбинираат со два агрегати. Првото ниво е Base, по што следуваат изведбите Reference 1 и 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1.2-литарски бензински мотор со 5-степен мануелен менувач и 84 КС, додека во повисоките нивоа на опрема е вклучен и 1.0-литарскиот бензнски агрегат со 100 КС кој има можност да се спари со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и благиот-хибрид, кој доаѓа со 1.0 литарски мотор со моќност од 120 КС.

Нивото Base во себе вклучува опрема која вклучува ESC-систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени: EBD-ABS-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS-контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучника, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming. Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој има се од пониското ниво и дополнително FCA-систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8″ дисплеј чувствителен на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање. Најопремената изведба е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

„Rio е важен автомобил за Kia во Европа и ширум светот бидејќи е прв Kia автомобил за многу возачи. Обновениот модел се базира на клучните предности на автомобилот – практичност, квалитет и технологија со напредни карактеристики на безбедност и телематика, кои честопати се наоѓаат во автомобилите од многу сегменти погоре. Убедени сме дека овие надградби ќе го направат Rio поуспешен од кога било“, вели Емилио Херера, главениот оперативен директор на Kia Motors Europe.

Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.