Минатата година рекордна за луксузните брендови
Јануари е месец која големите автомобили ги сумираат впечатоците од минатата година, а како што стојат работите, луксузниот сегмент поминал одлично, имајќи предвид дека неколку брендови веќе се пофалија со рекордни продажби
Првиот кој се пофали беше Rolls-Royce. Британскиот бренд е дел од групата на BMW, којa минатата година остварила раст на продажбата од 1,1%, а самиот Rolls-Royce има рекордно високо ниво на продажба. Имено, овој луксузен бренд во 2018 година продал 4.107 автомобили, а дури 90% од примероците биле специјални нарачки кои се разликуваат од сериските верзии. Според претставниците на Rolls-Royce, растот на продажбата во голема мера е поради растот на побарувачка за моделот Cullinan. Повеќе од 30% од возилата на Rolls-Royce продадени во 2018 година завршиле во САД, а 20% се наоѓаат во Европа и Кина.
Минатата година поминала одлично и за Lamborghini чии модели стигнале до 5.750 клиенти со стапка на раст на продажбата од 51% во споредба со 2017 година. Главниот виновник за ова е SUV моделот Urus кој се продал во 1.761 примероци. Најпопуларниот модел на Lamborghini сепак бил Huracan (2.780 примероци), а трет по побарувачката е Aventador со 1.209 испорачани единици. Најважниот пазар за Lamborghini е САД, каде што се продадени повеќе од 1.500 автомобили.
Porsche и понатаму има одлична продажба, а минатата година до нови сопственици стигнале 265.255 автомобили од овој бренд. Како што велат Германците, Cayenne своевремено бил спасителот на Porsche, а Macan го подигнал на повисоко ниво. Така, и во 2018 година најпродаваниот модел на брендот е Macan со 86.031 примероци, пред Cayenne (71.458) на второто место, а значително зголемување на продажбата од 38% забележала и Panamera со 38.443 испорачани возила. Легендарната 911-ка минатата година стигнала до 35.573 нови сопственици.
Според она што е досега познато во однос на продажните резултати, досега најголем губитник во луксузниот сегмент во 2018 година веројатно е Bentley. Овој бренд во рамките на групата VW во првите девет месеци од минатата година изгубил 137 милиони евра, а според сите показатели така било и во последниот квартал. Овој неуспех прилично ги вознемирува членовите на семејствата Пих и Порше, кои инсистираат на тоа на Bentley да му се постави ултиматум: профит во рок од две години! Ако тоа не се случи, ќе биде интересно да се види каква судбина ќе го погоди британскиот луксузен бренд.