Во годината зад нас, Mercedes бил најбараниот премиум автомобилски бренд во САД, пред BMW и Lexus

Во изминатите 12 месеци, до купувачите во САД, се доставени 315.959 автомобили со „сребрена ѕвезда“, при што продажбата е пониска за 6.3% во споредба со 2017 година.

Минатата година, BMW e вториот најбаран бренд со 311.014 продадени возила, забележувајќи благ пораст од 1,7% споредбено со претходната година.

И покрај падот на продажбата од 2,2%, зад германците е јапонскиот Lexus, кој во 2018 година испорачал 298.310 автомобили до клиентите во САД.

Четврти е Audi со 223.323 продадени возила, додека на петтото место е јапонскиот бренд Acura кој го престигнал Cadillac. Acura продала 158.934 автомобили, додека Cadillac 154.702 возила.

Инаку, Американците во изминатата година купиле вкупно 2.027.312 луксузни автомобили, што е 0,3% помалку отколку во 2017 година.