Mercedes е најскапиот автомобилски бренд
Топ 10 на британската консултантска компанија Brand Finance
Британската консултантска компанија Brand Finance го направи своето годишно рангирање на најскапите брендови во светот. Нормално, во листата влегуваат и голем број марки на автомобили.
Највисоко рангиран помеѓу „автомобилџиите“ е Mercedes-Benz кој е проценет на 43,990 милијарди долари и се наоѓа на 15-то место во вкупното рангирање. Германците се пред Toyota (43.701 милијарди) која е рангирана на 16-то место. По нив доаѓа BMW – 41.790 милијарди долари.
Во првата десетка помеѓу автомобилските брендови место има и за Volkswagen – 33,670 милијарди, Honda – 21,318 милијарди, Nissan – 19,376 милијарди, Porsche – 19,055 милијарди, Hyundai Group – 17,754 милијарди, Ford – 17,294 милијарди и Audi – 14,951 милијарди .
Рангирањето за најскапите брендови како целина има и нов лидер. Тоа е американската компанија за е-трговија Amazon, во сопственост на најбогатиот човек во светот – Џеф Безос. За една година, таа забележала раст од 42%, проценета на 150,8 милијарди долари. Apple и Google се рангирани според вредноста на 146,3 милијарди долари и 120,9 милијарди долари соодветно.