McLaren од 2021 година повторно со мотори на Mercedes!
По многуте шпекулации по оваа тема, денес стигна и официјална потврда дека од 2021 година Mercedes ќе биде снабдувач на тимот McLaren со погонски единици!
Договорот е потпишан до 2024 година со можност за негово продолжување. McLaren и Mercedes се разделија во 2014 година затоа што тимот од Вокинг одлучи да премине на погонските единици од Honda.
Коментар на одлуката за соработка имаше Зак Браун:
„Овој аранжман е од суштинско значење за нашите долгорочни планови, во кои треба да се вратиме во самиот врв на Formula 1. Моторите на Mercedes се едни од најдобрите на гридот, така што е сосема логично да се обидеме да работиме со нив. Ова е само уште еден поттик за нашите инвеститори, партнери и фанови да продолжат да нè поддржуваат, бидејќи со ова покажува дека имаме за цел да се вратиме на врвот од мотоспортот“.
Оваа ново-стара соработка ја коментираа и првите луѓе на тимовите на McLaren и Mercedes.
„2021 година ќе биде важна година за нас и нашиот тим. Со нетрпение ја очекуваме новата соработка со Mercedes од 2021 година и се надевам дека ќе имаме многу успех. Во меѓувреме, ние ќе продолжиме да се дружиме со Renault, кој е вреден партнер и ќе продолжиме да соработуваме на најдобар можен начин до крајот на оваа и следната сезона“, вели Андреас Сеидл.
„Драго ние е што можеме да ја објавиме веста за обновеното партнерство со McLaren од 2021 година. Иако имаме убава историја, овој договор се фокусира на иднината, затоа се надеваме дека ќе имаме долго и успешно партнерство со McLaren. Се надевам дека овој договор дополнително ќе го стимулира тимот на McLaren и дека ќе имаме еден конкурент во форма на нивниот тим од 2021 година“, вели Тото Волф.