Откако полицијата и државното правобранителство направиле претстрес на фабриката во Риселсхајм, на Opel му е наредено да отповика повеќе од 100.000 автомобили

По истрагата во која Opel соработува без поговор, откриено е дека на одредени модели се користени уреди за манипулација со емисијата на издувни гасови. Нелегалниот уред е пронајден во дизел верзиите на Cascadа, Insignia и Zafirа.

Најновите информации од Opel велат дека истражните дејствија, се прошириле и на фабриката во Кајзерслаутерн.

Потсетување дека Германската агенција за моторни возила (KBA) уште во 2015 година откри четири програми кои можат да влијаат на нивото на емисија на издувни гасови. На Opel му беше наредено да ги отстрани.

„Откако во почетокот на 2018 година е пронајден и петти програм, за кои KBA укажаа дека е нелегален, се спроведува службено сослушување со цел пропишување на обврска за повлекување на моделите како Cascada, Astra и Zafira“, стои во соопштението на Министерството за транспорт на Германија. Веќе не прашање дали Opel мамел, туку се проварува колкава е штетата и колку долго се одолговлекувал судскиот процес. Казната несомнено ќе биде пропорционална.

Opel во својата изјава, очекувано ги отфрла сите обвиненија, па дури и обвиненијата за одложување. Оваа вест е удар за Opel кој само што успеа да се консолидира и под капата на PSA групацијата навистина са стане профитабилен.