Луис Хамилтон смета дека ќе било многу тешко да се победи Ландо Норис од McLaren во Сочи доколку не заврнеше на шест круга пред крајот на трката што му помогна на патот до 100-та победа во кариерата

По претпазливиот старт, Луис Хамилтон падна на седмото место, но откако сите возачи направија барем еден влез во боксот, Хамилтон се најде на второто место во трката. Во тоа време, Ландо Норис ја предводеше трката со 9 секунди предност пред Хамилтон.

Тоа заостанување брзо се стопи и на десетина круга до крајот Хамилтон целосно се доближи до Норис. Но, кога го стигна, тој на својот тим му јави дека не е лесно доволно да се приближи до Норис за да започне со претекнување.

И како да трката не беше доволно интересна и неизвесна дотогаш, дождот што почна да паѓа шест круга пред крајот целосно ја промени ситуацијата.

Првично, дождот падна во само неколку свиоци, па беше тешко да се одлучи дали да се оди во бокс по гуми за дожд. Сепак, проблемите во кривината број 5, многу возачи ги принуди да заминат во своите боксови за да добијат гуми за дожд.

Многу брзо дождот ја покри целата патека, па и Хамилтон се реши на промена на гумите во 49 -от круг од трката, додека Норис одлучи да ризикува и да остане на патеката. Тој ризик на крајот не се исплатеше бидејќи веќе во следниот круг имаше големи проблеми со пролизгување. На крајот, и тој мораше да оди во бокс, но со тоа загуби многу позиции и на крајот заврши како седми.

Ваквиот развој на ситуацијата му ја донесе на Хамилтон 100-та победа во кариерата, што е првпат во историјата на Formula 1. Дополнителна причина за славење е повторното преземање на лидерската позиција во шампионатот за возачи.

За време на интервјуто по трката, Норис дојде и му честиташе на Хамилтон за победата, а тој го пофали за одличното возење.

„Тој е толку млад, сигурно има многу победи пред него. Ландо работи одлично, имаше одлично темпо денес, и во секој случај прави одлична работа за McLaren, а јас имам горчлив-сладок вкус кога го гледам мојот поранешен тим пред мене. Добро им оди, победија на последната трка, функционираат фантастично, ги придвижува Mercedes, па затоа е убаво да ги гледаме повторно заедно“.

 

„Мојот тим донесе одлична одлука на крајот од трката. Не сакав да престанам да го следам Лaндo, но не знаев што се случува со времето. Jас сум неизмерно благодарен на сите мои kколеги кои се тука со нас или во фабриката“.

Хамилтон се сомнева дека ќе успеел да го претекне Норис на крајот доколку не заврнеше дожд.

„Ќе беше тешко да се стигне Ландо, имаше одлично темпо и најбрз круг на трката. Но, потоа дојде дождот и создаде нови можности. Како што реков, тимот направи одлична работа и му благодарам многу за тоа“.

Хамилтон се надеваше дека по трката во Русија ќе го престигне Макс Верстапен во шампионатот, но и дека ќе создаде поголема предност, бидејќи Верстапен стартуваше од последниот ред. Иако Хамилтон сега е лидер во шампионатот со 246,5 бода, тој не успеа да создаде поголема предност пред Верстапен. Иако стартуваше 20-ти, Верстапен на крајот заврши како втор, на што исто така му помогна дождот, па сега заостанува само два бода зад Хамилтон.

„Не можам да влијаам на тоа кој е зад мене. Ова е резултат од соништата за Макс, се разбира, но јас сум благодарен за моите освоени поени“.

Pandora in the Crimson Shell (https://aniwatch.pro/m/pwb) Episode 12

Website https://kissanime.mx: Watch Lupin the IIIrd: Mine Fujiko no Uso (Dub) kissanime Episode Full food wars kissanime

Website https://gogoanime.be: Watch The Stingiest Man in Town (Dub) gogoanime Episode Full gogoanime pokemon

Animepahe: Kono Naka ni Hitori, Imouto ga Iru!: Ani, Imouto, Koibito (Dub) anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime sites

Huntingnet: https://www.huntingnet.com/forum/members/kissanime-contact-gmail-c.html

Flipboard: https://flipboard.com/@gogoanimelol