Толку блиску, а толку далеку. Премиерната победа во Formula 1 беше на дофат на Лaндо Норис, но тогаш небото над Сочи повторно се отвори и создаде вистинска драма во последните пет круга.

На крајот, Mercedes и Луис Хамилтон донесоа подобри одлуки и ја прославија победата, а Британецот во McLaren заврши на седмото место.

Во саботните квалификации Ландо Норис ја освои пол позицијата, а голема заслуга за тоа имаше навремената промена на гумите, од средни во гуми за суво време. На крајот од трката еден ден подоцна, тој водеше пред Луис Хамилтон, и повторно требаше да го погоди тајмингот за да влезе за да ги смени гумите, само овој пат од слик на гуми за дожд. Овој пат Ландо не погоди.

Тој одлучи да остане предолго време на гумите за суво. Дури и тимот го повика за промена, но тој сметаше дека ќе издржи до крај. Дождот се засили, па тој сепак мораше да ги смени гумите, а можноста за прва победа во неговата F1 кариера отиде во неповрат. Заврши само на седмото место.

„Не знам од каде да започнам“, изјави Норис по таа драматична трка и неповолен крај за него. „Јасно е дека сум несреќен, депресивен на некој начин. Донесовме одлука да останеме на патеката и стоиме на таа одлука, но тоа беше погрешно на крајот од денот. Одлуката беше моја, исто колку и на тимот. Всушност, тие повеќе беа за менување, но јас решив да останам. Значи, моја одлука. Мислев дека тоа е вистинскиот пат“.

Откако ги направија своите први запирања во боксот, Хамилтон беше побрз од Норис и ја намали неговата предност. Луис дојде до работ на DRS зоната, кога почна да врне. Норис верува дека би издржал до крај, доколку патеката останела сува.

„Мислам дека имав самодоверба пред тоа. Знаев дека имам способност да го направам тоа и се чувствував способен. Мислам дека тоа не се промени, но ова е само разочарување. Се чувствував како да направив се што можев, дури и кога на крајот стана непријатно. Направив неколку грешки, но сепак го држев Луис зад себе и почнав малку да се одвојувам. 

 

„Да беше суво, сигурно ќе издржев. Се беше под контрола. Морав да заштедам гориво, а потоа тој ми пријде. Но, штом се заврши тоа, можев да притискам и се беше во ред. Имав се под контрола дури и првите четири или пет круга кога почна да врне. Имаше грешки, но тоа се случува кога сте на водечка позиција и некој ви врши притисок. Нема да возиш бавно и и да го пуштиш пред тебе“.

Клучна беше одлуката на Mercedes да ги смени гумите на болидот на Хамилтон, додека Mclaren задоцни и тоа скапо го плати. Ландо имаше и едно големо излетување надвор од патеката, загуби многу време и падна во поредокот. Вака ги објаснува тие моменти…

„Беше незгодно и едноставно, поради некоја причина, не видовме уште колку дожд доаѓа. Не ми беше кажано тоа, не го знаев тоа и донесов одлука според информациите што ги добив порано, дека дождот ќе остане дождец, а не пороен дожд. Се се одвиваше толку добро, така што се чувствувам уште полошо “.

 

„Тоа не е резултатот што го сакавме. Можев да победам на трката, но не се случи тоа и не можам да бидам среќен. Сега е како што е, помина како што помина. Ние ги донесовме одлуките, јас ги донесов одлуките што ги направив и тоа беше погрешно. Тешко е да се прифати, но позитивно е што освоивме барем некои поени. Даниел направи добра работа, така што овој ден беше сепак пристоен за нашиот тим“, заврши Ландо.

На крајот дури и бодовите за седмото место станаа дискутабилни. Судиите го повикаа на интервју по трката за неправилно влегување во боксот, но сепак одлучија само да го предупредат возачот на McLaren, без дополнителна казна.

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

https://twistmoe.net english anime

Watch Ranma ½: Big Trouble in Nekonron, China (Dub) Episode Full

Hand Shakers Episode 12

Ultimate-guitar: https://www.ultimate-guitar.com/u/animefreakws

Bittube: https://bittube.tv/profile/kissanimemx