Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 20.09.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,780 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,175 % или за 23,400 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,873 % или за 11,650 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,964 % или за 12,000 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,141 % или за околу 5,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,5638 ден/$ и е за околу 0,722 % повисок од курсот на доларот (52,1870 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.