Италијанскиот производител на луксузни суперспортски автомобили Lamborghini, најави дека неговите следни SUV модели ќе бидат поголеми од актуелниот Urus

Во декември минатата година, Lamborghini го претстави Urus, првиот SUV модел во историјата на производителот од Сант’Агата.

Моделот ги надмина очекувањата, бидејќи компанијата претходно добила бројни нарачки за модел од кој се планира производство од 1.000 единици годишно, што воопшто не е мала бројка за автомобил кој чини 200.000 долари.

Иако се очекуваше дека следниот потег на Lamborghini ќе биде покомпактна верзија која ќе ја искористи популарноста на Urus, првите луѓе имаат поинакви планови, па дури и поголема ексклузивност.

„Urus е супер SUV, кој е на совршена позиција во денешната гама на возила, а тоа е „на дното“ од параметрите на компанијата. На крајот на краиштата, се е во позиционирање на брендот, а ние сме на врвот од автомобилската индустрија“, вели техничкиот директор на Lamborghini Маурицио Реџани.

За сега, Lamborghini не планира да го направи модел конкурентен на Porsche Macan и Bentley Bentaygа, но во плановите е SUV димензиски поголем од Urus.

Реџани дава потврда за нови варијанти на Urus во иднина, слично како со ширењето на понудата на Gallardo и Huracan. Се шпекулира дека една од новите верзии на Urus треба да го добие хибридниот Porsche plug-in агрегат со 680 КС.

За каква машина станува збор кога зборуваме за Lamborghini Usrus во релативна смисла, односно, како се однесува на пат и надвор од него, oдговорот побарајте го приложеното видео.

Loading...