Дали е ова изгледот на серискиот Volkswagen EV – Volkswagen Neo?!

0

Новитетот со големина на Golf, веројатно, ќе го носи името Neo, а приложената фотографија, наводно, е сериската верзија, која својата премиера треба да ја има следната година

Volkswagen веќе од следната година има намера да започне со лансирање на нова генерација на електрични возила кои произлегуваат од I.D.концептите.

Како потсетување, серијата I.D. концепти на Volkswagen лежат на новата платформа MEB, а моделот за кој станува збор е споменуван и претходно. Моделот со големина на Golf, ќе биде првиот од целата серија I.D. модели кој ќе влезе во сериско производство, а предвиден за моделната 2020 година.

Концептната верзија од идниот Neo

Електричниот новитет со големина на Golf, веројатно, ќе го носи името Neo, а приложената фотографија, наводно, е сериската верзија, која својата премиера треба да ја има следната година.

Volkswagen најави автономија (според NEDC) од 400 до 600 километри, во зависност од пакетот на батерии. Се разбира, ова значи дека реалната автономија измерена по WLTP стандардите, ќе биде значително помала.

Шпекулациите велат дека цената на овој модел САД ќе биде 7.000 до 8.000 долари помалку споредбено со Tesla Model 3.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »