По повеќе месечно чекање и неколку одложувања, конечно е утврден датумот за лансирање на осмата генерација на Volkswagen Golf

Бестселерот на Volkswagen со неговата осма итерација требаше да дебитира на Саемот за автомобили во Франкфурт во септември, но VW го помести дебито за да не се одвлече вниманието од премиерата на електричниот хечбек ID.3.

Новиот Golf, кој досега е продаден во 35.000.000 единици од своето лансирање во 1974 година, ќе биде откриен на 23 октомври во Волфсбург во 18 часот.

Под мотото „Животот се случува со Golf“, VW ќе ја претстави осмата генерација на својот најпопуларен модел како возило насочено кон „поставување нови стандарди со непогрешлив дизајн“.

Производството на Golf 8 веќе започна во матичната фабрика во Волфсбург, каде ќе се произведуваат стандардната и карванската верзија.

Со премиерата на Golf 8, стартува и серијата премиери на популарни модели на групацијата VW, како новата Škoda Octavia која пристигнува на 11-ти ноември, а потоа се очекуваат и промоциите на Seat Leon и Audi A3 Sportback.

 

Сите овие модели се засноваат на платформата MQB.