За пет до 10 години, самовозечките возилата ќе доаѓаат по нас во закажано време и ќе не превезуваат безбедно на друга локација. Но, пред да дојдеме до тој момент, научниците имаат уште многу недовршена работа

Така, со отворени раце кон иднината, Унгарците тргаат од место каде идеите стануваат иновации. Специјално дизајнираниот терен за тестирање „Зала зона“ е изграден на површина од 265 хектари во југозападниот дел на Унгарија.

Покрај платформите за проверка на брзината и системите за сопирање на осум различни подлоги, постои и „паметен град“ во кој паралелно се развива 5G мрежа и самовозечки возила. Со сложените проекти управува организацијата „Кластер Зала“.

„Кластерот е составен од унгарски бизнисмени, индустрија и научници. Наша цел е да понудиме нови услуги на клиентите, да ги подобриме нивните проекти, но и да направиме самостоен напредок. Пример е соработката со најнапредните телекомуникациски компании во светот со кои одиме заедно напред“, вели Ласло Дречер од организацијата „Кластер Зала“.

Долгорочната цел на Унгарија е во близината на границата со Австрија, Словенија и Хрватска, да создадат еко-систем во кој ќе се живее повалитетно. Патот до поздрава животна средина не е краток, но во овој случај може да биде профитабилен.

Четвртина од годишните приходи на Унгарија доаѓаат од автомобилската индустрија. Затоа, во 2016 година, унгарската влада инвестирала 150 милиони евра и сè уште инвестира во „Зала зона“, местото каде се тестираат автомобилите од најновата генерација.