Кој SUV е најбрз – Bentayga, Cayenne Turbo или Stelvio Quadrifoglio? / ВИДЕО
Трите моќни SUV модели од Bentley, Porsche и Alfa Romeo во трка на забрзување
Изданието AutoExpress организирало трка на правец во должина од половина милја или 804 метри во која силите ги мерат италијанскиот кросовер Alfa Romeo Stelvio во својата најмоќна Quadrifoglio верзија, британскиот Bentley Bentayga со W12 мотор и германскиот Porsche Cayenne Turbo.
Иако има дури 510 КС (375 kW), Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е „најслабиот“ во оваа конкуренција. Porsche Cayenne Turbo произведува 550 КС (404 kW), а најскапиот и најмоќен од сите три возила е Bentley Bentayga со својот W12 мотор кој испорачува 608 КС (447 kW).
Можете ли да го погодите победникот?