Одговорот на ова прашање е Mercedes

Иако во првата половина од годината, Mercedes GLC беше најпродаваниот модел во премиум SUV D сегментот во Европа, производителот сè уште има причина да биде загрижен, бидејќи овој модел исто така има пад на продажбата од 20% во однос на минатата година. Помеѓу јануари и јуни, GLC стигнал до 52.000 нови клиенти.

На второ место е вечниот ривал од Минхен – BMW X3. Моделот X3 е продаден во 39.000 единици, при што продажбата е зголемена за дури 47%! Исто така, треба да се напомене добар резултат има и моделот X4, кој регистрирал 13.000 продажби, со раст на продажбата од дури 67%.

Следен на листата е Volvo XC60, кој забележал 38.000 продадени единици. И покрај добриот резултат, Швеѓаните исто така имаат пад на продажбата од 11%.

На четвртото место е уште еден германски автомобил – Audi Q5. Адутот на Audi во овој сегмент стигнал до 32.000 клиенти, но процентуално тоа е пад од 18% во однос на резултатите за 2018 година.

Alfa Romeo Stelvio, кој стигнал до нешто повеќе од 14.000 нови сопственици, го зазема петтото место, но исто така со пад од 16,6% споредбено со истиот период од минатата година. По Stelvio следат Range Range Rover Velar (13.400, -6,2%), Porsche Macan (13.100, + 8,5%), Jaguar F-Pace (10.000, -22%) и конечно Lexus NX со нешто помалку od 9.000 примероци и пад на продажбата од 19,8%.

Kако што може да се види, повеќето бестселери на листата покажуваат полоша продажба отколку во 2018 година. Главната причина е понатамошната диверзификација на овој сегмент, но исто така и се повеќе модели кои се појавуваат во класите подолу и погоре. За сега, Mercedes суверено владее, но ако продолжат сегашните трендови, можно е BMW да ја преземе лидерската улога до крајот на оваа година.