BMW и Toyota релативно неодамна соработуваа и ги промовираа популарните спортски купе модели Supra и Z4

Ако се игнорираат коментарите на сметка на јапонската компанија која ја критикуваат дека само го препакувала со свое лого моделот Z4, сепак има жестока дебата за тоа кој од двата автомобили е подобар.

Тимот на YouTube каналот Thrrottle House одлучил да стави крај на сите дискусии и да утврди кој од двата спортски автомобили е навистина подобар.

Двата модели се придвижуваат со 3.0-литарски мотор со шест-цилиндри на BMW, кој во Z4 има скоро 50 КС повеќе од Supra, но тоа не значи дека Баварецот е побрз од Јапонецот.