Еден до друг во трка на забрзување се BMW M5, Cadillac CTS-V, Mercedes-AMG E 63 и Porsche Panamera

Кој од спортските луксузни седани најдобро забрзува од 0 до 300 km/h? На ова прашање одговор се обидел да даде тимот на германското издание Sport Auto кој ја споредил динамиката на четири навистина извонредни автомобили – BMW M5, Cadillac CTS-V, Mercedes-AMG E 63 и Porsche Panamera.

Секоја од машините е опремена со 8-цилиндерски бензински мотор со турбо. Новото BMW M5 се потпира на 4.4-литри зафатнина и моќност од 600 КС, додека Mercedes-AMG E 63 има 4.0-литарски мотор со 612 КС. Третиот германски модел од групата – Porsche Panamera, располага со хибриден агрегат и развива цели 680 КС. Во исто време, „американецот“ Cadillac CTS-V има 6.2-литарски мотор со механички компресор.

За постигнатите резултати, погледнете го видеото во прилог.