Сериската верзија на луксузниот теренец премиерно би требало да се појави на саемот за автомобили во Лос Анџелес во месец ноември

На автомобилскиот салон во Пекинг, кој започнува на 25 април, ќе се одржи официјалната премиера на луксузниот SUV прототип Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury. Во пресрет на овој настан, германскиот бренд објави тизер видео и прва скица од внатрешноста на овој SUV модел.

Моделот кој е планиран за 2019 година наводно ќе има почетна цена од 140.000 евра, а платформата ќе ја дели со Mercedes GLS.

Во моделот конкурент на Bentley Bentayga, Lamborghini Urus и Rolls-Royce Cullinan се очекува хибриден погон како и одреден степен на автономно возење.

Засега нема многу детали, но, на пример, познато е дека тимот на дизајнери кои работат на автомобилот, меѓу другото, создал и специјална мебелна колекција за потенцијалните купувачи.  За ентериерот на луксузниот прототип дизајнерите користеле природно дрво, алуминиум, бела кожа и злато. Логото на Mercedes-Maybach ќе биде направено од истиот скапоцен метал.

https://www.facebook.com/MercedesBenz/videos/10156302691616670/