Пазарот на SUV возила продолжи да расте и во изминатата година, па така на глобално ниво се продадени 31,1 милион возила од оваа класа, што е 6% повеќе од 2017 година, според анализата на Focus2Move

Најпопуларен производител е јапонската компанија Toyota со 2,35 милиони продадени возила, пред Nissan и Honda со 2,24 односно 1,84, по што следат Ford (1,59) и Hyundai (1,57), кој во споредба со 2017 година e пред Jeep.

Што се однесува до конкретни модели, најпопуларниот SUV во светот е Toyota RAV4 продаден во 830.928 примероци, што е за речиси 4% повеќе од претходната година.

Следен на листата е Volkswagen Tiguan со 789,494 примероци, а на третото место е Honda CR-V со 741.302 примероци.

Во првите пет се уште Hyundai Tucson и Nissan Qashqai, по што следат Kia Sportage, Haval H6, Mazda CX-5, Nissan Rogue и Chevrolet Equinox.

Сепак, во оваа анализа не се вклучени резултатите на моделот Rogue Sport, кој во основа е Qashqai за Соединетите Американски Држави, па на некој начин може да се каже дека кросоверот на Nissan е најдоминантен на пазарот.

Кога станува збор за групации, Алијансата Renault-Nissan е на прво место со вкупно 4,3 милиони продадени возила, што претставува раст од 7,2% споредбено со 2017 година.