Кина континуирано ја следи локацијата на EV автомобилите
Сопствениците на електрични автомобили во Кина се под постојан надзор од властите на оваа комунистичка земја, а тие дури и не се свесни за тоа
Како што пренесуваат медиумите, поради група на закони за возила со алтернативни погони, повеќе од 200 производители на автомобили во Кина мора секојдневно да ја испорачуваат точната локација на електричните автомобили до локалните власти.
Такви податоци испорачуваат и најголемите производители, како Volkswagen, Daimler, Ford, Nissan, General Motors и Teslа. Покрај локацијата, аналитичарите имаат пристап и до моделот и марката на возилото, километражата, па дури и капацитетот на батеријата.
Додека производителите се бранат со тврдењето дека со доставувањето на вакви информации до централната влада е само исполнување на законската обврска, властите истакнуваат дека податоците се собираат исклучиво со цел за подобрување на постојната инфраструктура, безбедноста во сообраќајот, а целта е и злоупотребата на програмата за субвенционирање на електрични возила.
Заменик-директорот на Центарот за надзор во Шангај, Динг Сјаохуа, за медиумите вели дека оваа програма не е наменета за следење на граѓаните, иако во случај на официјално барање податоците може да бидат дадени на полицијата, обвинителството и судовите.
„Не постои суштинска разлика помеѓу седнување во автомобил и одење во трговски центар со паметен телефон во рацете“, вели извршниот директор на Volkswagen во Кина, Јохем Хајцман.
Факт е дека со зголемениот број различни електронски уреди безбедносните агенции имаат се повеќе и повеќе можности за надзор на граѓаните.