Opel во 2019 година ќе прослави 120-години производство на автомобили, а во исто време и 120 години иновативни технологии кои производителот ги има на располагање за поширока група на корисници – според мотото на Opel „Иднината им припаѓа на сите“

За да ја прослави оваа годишнина со своите клиенти, Opel лансира специјални изданија „120 години“ (120 Years). Патничките автомобили како што се Adam, Karl и Corsa, бестселерот Astra, спортското SUV семејство составено од Crossland X, Mokka X и Grandland X, па сè до компактната Zafirа и луксузната Insignia ќе бидат достапни во специјално издание „120 години“ и на тој начин ќе понудат бројни модерни технологии заедно со новите решенија за дизајн и удобност во стандардна опрема со атрактивни услови. Нарачките за овие модели веќе се отворени.

„Opel ја демократизира мобилноста веќе 120 години. Во нашите автомобили нудиме технологии кои ги создаваат трендовите и функциите кои се достапни за сите групи на клиенти. Тоа е она за што се залагаме и затоа нудиме специјално издание „120 години“ како пакет опрема“, вели Ксавиер Духемин, генерален менаџер за продажба, постпродажба и маркетинг.

Ова специјално издание се позиционира над пакетот Edition и, во зависност од моделот, вклучува системи за помош како што е помош за паркирање (Park assist) или контрола на крстарење (темпомат) како стандард. Функциите како што се греење на седиштата, греењето на управувачот и подните облоги од велур го зголемуваат нивото на удобност. Моделите од серијата „120-години“ стануваат привлечни со елегантните алуминиумски тркала, хромирани елементи на праговите на вратите со лого на Opel, и се разбира, логото „120 години“. И сето ова, велат, по доста атрактивни цени.

Компактниот бестселер на Opel, Astra, веќе нуди многу системи за помош, како што се помош при искачување на рид и темпомат како стандард во својата основна верзија. Тука се и климатизацијата и Quickheat системот за греење. Предните фарови за магла и помошта за возачот за паркирање во рикверц се додаваат како стандардна опрема во изданијата „120 години“. Греење на предните седишта и греење на воланот заедно со пакетот Sight што опфаќа сензор за дожд, автоматски прекинувач за светло со детектор за тунел и електрохромен внатрешен ретровизор овозможуваат пријатна температура и повисоко ниво на безбедност за време на ладните и влажни денови. Покрај тоа, возачите и патниците на Astra со 5 врати и Sports Tourer може да се потпрат на одлично поврзување и забава, благодарение на R 4.0 IntelliLink инфозабавниот систем со седуминчен колорен екран на допир кој е компатибилен со Apple и Android Auto CarPlay системи. Праговите на вратата на кои е испишано Opel, алуминиумските фелни од 17 инчи и логото ,„120 години“ веднаш ја идентификуваат Astra како модел од специјалното издание.

Opel Crossland X 120 години доаѓа со исти внатрешни карактеристики како и Astra. Покрај тоа, SUV моделот кој успешно е лансиран минатата година, донесува и ThermaTec греење на ветробранското стакло за јасен поглед за време на студените денови. LED амбиенталното осветлување во централната конзола и вратата ја зголемува позитивната атмосфера во темница. Однадвор, Crossland X „120 години“ блеска со Б столбови во високо-сјајна црна боја, хромирани ленти на покривот, предни и задни подлоги за заштита на шасијата и алуминиумски тркала во антрацит боја со дизајн од четири двојни краци.