Во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје веќе може да се види и проба Kia Sportage – моделна година 2019

Тоа се првите балкански примероци пристигнати благодарејќи на визијата и ангажираноста на домашниот импортер КИА Моторс Македонија, на најстариот Јужно-корејски производител. Со тоа Sportage, еден од најпродавание SUV модели на нашиот пазар, со новата освежена верзија и своја балканска премиера ја отвара новата моделна година, ставајќи се на располагање на македонските купувачи.

Со овој модел KIA Motors само уште еднаш потврдува дека секогаш може и знае одличното уште повеќе да се унапреди и естетски и техничко-технолошки.

Надворешните промени ги опфаќаат новите хромирани лајсни кои ги има под предната решетка на редизајнираниот ладилник, на праговите и на задниот одбојник.

Естетиката е подобрена со променетата положба на предната (долна) светлосна група како и спојлерот, а во задниот дел особен впечаток остава долниот ребрест дифузор. Задната светлосна група го заокружува впечатокот за современата естетска целина.

Оплеменетата содржина ќе ја најдете уште во основниот модел, кој од сега ќе го познаваме според ознаката Vision. Во секој Sportage сега ќе има 7-инчен LCD дисплеј чувствителен на допир во кој е вградена конективна поддршка, а која ги опфаќа двете најпопуларни платформи: Android Auto и Apple CarPlay. Дополнително, веќе во основниот модел, Vision, се вградени задна камера и сензори за паркирање.

Во однос на исполнување на еколошките стандарди, сите безниски и дизел агрегати ги исполнуваат EURO 6D TEMP еколошките норми кои сѐ уште не се стапени на сила. Премиерно ќе бидат вградени новите дизел агрегати 1.6 CRDi (Low power) од 115 КС и 1.6 CRDi (High Power) од 136 КС каде помоќниот агрегат нуди достапни опции за AWD погон на сите четири тркала и 7DCT автоматска трансмисија со двојно квачило. Во бензиските изведби достапни се агрегатите 1.6 GDi со моќност од 132 КС и 1.6 TGDi со 177 КС кој истo така нуди опции за погон на сите четири тркала и автоматска трансмисија. Тоа е само дел од понудата на агрегатите, а новитет е 2.0 CRDi 48V Mild Hybrid so 185 КС стартер генератор и батирии од 48V за рекуперација на кинетичката енергија. Сите агрегати се опремени со системот ISG кој го исклучува агрегатот при работа во место.

За пребирливите, но и за корисниците кои сакаат да ја истакнат својата персоналност, KIA на располагање ги презентира и повисоките пакети на опрема Advance и First Edition. Тие ќе се препознават по новите алуминиумски фелни од 17 и 19 инчи на кои се монтирани нископрофилни пневматици, потоа според хромираните лајсни, задните LED светла, а во  внатрешноста е поставен нов мултимедијален навигациски систем со 8-инчен екран на допир комбиниран со JBL аудио систем и subwoofer. Тука се уште и електричната рачна сопирачка, греењето на сите седишта и уште цела низа безбедносни системи. На долгата листа се наоѓаат и вградениот радар кој заедно со камерите и сензорите го снимаат патот и овозможуваат останување на коловозната лента, но и опоменуваат за промена на правецот без активирање на трепкач. Истиот систем е ангажиран и за одржување на безбедно растојание со возилото пред вас, и што е исклучително корисно за безбедноста, автономно сопирање во случај на детектирана опасност.